Skip to Content

FACS сака да изгради посилни заедници во НЈВ, со помагање на луѓето во нашето општество на кои најмногу им треба помош.

Ние финансираме програми за да им помагаме на децата, семејствата, на луѓето со попреченост и на постари лица.

Ние им даваме поддршка на незаштитени деца, млади луѓе и семејства.

FACS има службена (правна) обврска да заштитува деца и тинејџери во НЈВ, за да не се најдат во опасна ситуација. За да го постигнеме тоа,  тесно соработуваме со други владини оддели во НЈВ, со невладини организации и со заедницата.

Ние обезбедуваме финансирање на организациите кои даваат поддршка на децата и семејствата. Таа поддршка вклучува програми кои:

  • им помагаат на младите родители кои можеби имаат тешкотии
  • ги учат семејствата за таканареченото „позитивно родителство“, за да се  создадат поцврсти семејни врски
  • им помагаат на родителите кои имаат проблеми со алкохолот и други дроги
  • им даваат поддршка на семејствата со проблеми во однос на менталното здравје, интелектуалната попреченост или тешкотии со учењето

FACS ја финансира грижата за децата и тинејџерите за кои не е безбедно да живеат дома. Тоа ја вклучува грижата за сместување во други семејства (foster care) и кај роднини. Ние исто така ги поддржуваме опциите на посвојување, старателство и трајна грижа, за да се обезбеди децата да добијат најдобар можен старт во животот.

Ако сте загрижени дека некое дете е малтретирано или не е безбедно дома, може да се јавите на Child Protection Helpline (дежурна линија за заштита на деца) во секое време, дење или ноќе, 7 дена во неделата, на 132 111.

Ние им даваме поддршка на луѓето кои се соочуваат со домашно и семејно насилство.

Ако вашиот партнер, сопруг, татко или некој друг дома ве плаши или е груб и насилен спрема вас или вашите деца, можете да побарате помош. Domestic Violence Line (дежурната линија за домашно насилство) на 1800 656 463 е отворена 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Ние исто така даваме поддршка на луѓето кои избегале од домашно и семејно насилство и малтретирање, вклучувајќи ја помошта наречена Staying Home Leaving Violence (Остани дома, напушти го насилството), како и Start Safely (Безбеден почеток).

Ако сте постаро лице (обично постаро од 65 години) кое е малтретирано или сте загрижени за некое друго старо лице кое можеби е малтретирано, ве молиме јавете се на Elder Abuse Helpline and Resource Unit (Дежурна линија за пријавување на малтретирање на постари лица и Одделение за ресурси) на 1800 628 221.

Ако ви треба преведувач, прво јавете се на 131 450, речете му на телефонистот кој јазик го зборувате и побарајте да ве поврзе со Elder Abuse Helpline. Тоа е бесплатна и доверлива служба која дава совети и упати за пријавување на пријавување на да им се помогне на постарите лица кои се малтретирани.

Ние даваме помош и поддршка за сместување на лицата кои ги исполнуваат условите.

Ние даваме поддршка и услуги на луѓе на кои им треба помош за сместување и ги исполнуваат условите. Нашите услуги вклучуваат:

  • финансиска помош на луѓето на кои им е тешко да ја платат станарината (rent) или сакаат да изнајмат живеалиште
  • обезбедување евтини места за живеење на лицата со ниски или средни приходи, вклучувајќи јавно домување, домување во заедницата и абориџинско домување. Овој вид на помош за домување се нарекува „социјално домување“
  • програми за помош на луѓето кои живеат во социјално домување за подобро да живеат

За овие услуги да ви бидат достапни вие треба да исполнувате некои услови. За повеќе информации јавете се на Housing Contact Centre (контакт центарот за домување) на 1800 422 322.

Ако ви треба место за живеење за кус период, затоа што немате каде да живеете или сте изложени на ризик да станете бездомник, јавете се на Link2Home во секое време, дење или ноќе, на 1800 152 152.

Телефонски броеви за итна помош

СитуацијаКонтактВреме
Ако немате каде да живеете или ви треба привремено место за живеење Link2Home
1800 152 152
24/7
Домашно и семејно насилство NSW Дежурна линија за домашно насилство
1800 656 463
24/7
Пријавете малтретирање или запоставување Дежурна линија за заштита на деца
132 111
24/7
Постаро лице изложено на ризик Дежурна линија за пријавување на малтретирање на постари лица
1800 628 221
Понеделник до петок од 8.30 наутро до 5 попладне
Итни ситуации NSW Полиција или Брза помош
000
24/7

Преведувачки услуги

Ако сакате да ги користите услугите на FACS, но не зборувате англиски или ви е тешко да зборувате англиски, користете ги бесплатните услуги на усно и писмено преведување наведени подолу.

За прашања на домувањето:
All Graduates  Служба за усно и писмено преведување: 1300 652 488
(All Graduates ќе телефонира на организација за домување и бесплатно ќе ви преведува).
За да дознаете повеќе, посетете ја интернет страницата на All Graduates: http://www.allgraduates.com.au

За други прашања:
Translating and Interpreting Service (TIS National – Служба за усно и писмено преведување): 131 450
(Службата покрива повеќе од 150 јазици. Услугата е бесплатна).
За да дознаете повеќе, посетете ја интернет страницата на TIS: https://www.tisnational.gov.au

  • FACS има обврска да обезбеди квалификувани преведувачи кога се прават интервјуа и се зборува за сериозни или чувствителни прашања.
  • Во мнозинството случаи роднини и пријатели не можат да дејствуваат како преведувачи, но можат да останат за време на разговорот или состанокот за да дадат поддршка.
  • Роднини и пријатели можат да дејствуваат како преведувачи само ако FACS не може да обезбеди преведувач по телефон или на лице место.
Was this content useful?